Охрид, 6. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб, во југоисточните делови и умерен југоусточен ветер, по одделни котлини со услови за појава на слаба утринска магла.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 12. степени.
– Следува период на стабилно и суво време, претежно со слаб јужен ветер. Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка. Од утре ќе има умерена до значителна облачност, а по котлините, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, така што дневната температура во овие места ќе остане пониска. Од среда се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес