февруари 17, 2018

Охрид, 17. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Преку денот ќе биде потопло, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено на планините.

Максималната температура во Охрид до 11. степени.

– Утре ќе има зголемување на облачноста, преку ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег. Од понеделник следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука