Охрид, 1. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, попладне во планинските предели ќе има краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Индексот на УВ зрачење има вредност 7.
Максималната температура во Охрид се очекува да достигне 24. степени.
– Во наредните дена времето ќе биде претежно стабилно и топло, само во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд. Утре ќе дува умерен, а во четврток и засилен југоисточен ветер. Од четврток следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во четврток и сабота, особено во западните делови, информираат од УХМР. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес