мај 22, 2018

Охрид, 22. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се задржи претежно сончево време со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Индексот на УВ зрачење ќе има вредност 7.

Максималната температура во Охрид до 23. степени.

– До четврток ќе се задржи променливо облачно време, претежно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Утре и задутре се очекуваат поинтензивни процеси, особено во западните и северните делови. Во петок и сабота ќе има појава на повремен локален дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука