Охрид, 22. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а има услови и за појава на сите град. Кон крајот на денот ќе започне да дува засилен северозападен ветер.Индексот на УВ зрачење има вредност 8.
Максималната температура во Охрид до 25. степени.
– Утре ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително пад на температурата за околу 10 степени. За време на викендот ќе има слаб локален дожд, но без грмежи. Од понеделник ќе има промена на временската состојба, така што времето ќе биде облачно и свежо со пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови, информираат од УХМР. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес