Охрид, 2. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес ќе се задржи сончево време со умерена облачност, од пладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Индексот на УВ зрачење има вредност 7.
Максималната температура во Охрид до 26. степени.
– За време на викендот во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни со засилен ветер и услови за појава на град. Локална нестабилност ќе има и во почетокот на наредната седмица, информираат од УХМР. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 30