Охрид, 16. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло со умерен јужен ветер. Во западните и крајните источни делови ќе има повремен локален дожд.
Максималната температура во Охрид до 13. степени.
– Утре во текот на денот ќе дува засилен повремено силен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури. Од попладневните часови и во недела ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни. Врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 29