Охрид, 30. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес ќе се задржи умерено облачно време, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови. Индексот на УВ зрачење има вредност 7.
Максималната температура во Охрид до 22. степени.
– Продолжува периодот на топло време со умерен југоисточен ветер. Во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови и тоа претежно во планинските подрачја, информираат од УХМР. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 26