Нион, 19. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – УЕФА го исфрли белгиски Мехелен од учеството во групната фаза на Лигата на Европа за сезоната 2019/20 поради местење на натпревари во шампионатот на земјата.
Белгиската фудбалска федерација (KБВБ) веќе го отстрани клубот, а сега и европската централа го направи истото.
УЕФА спроведе сопствена истрага за случајот а белгискиот спортски арбитражен суд ја потврди дисциплинската казна на тимот. УЕФА ја продолжи истрагата, ја поништи сопствената одлука и забрани на Мехелен настап во Лигата Европа за една сезона.
Плаќањата за местените натпревари се спровеле преку Кипар, Србија и Црна Гора. Тројца од раководителите на клубот се отстранети од фудбалот за следниве 10 години. (Крај)
извор: Плусинфо фото: архива
Прочитано: 3