Брест, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на СЕХА лигата потврди дека завршниот турнир во регионалното ракометно натпреварување ќе го организира Мешков Брест во Белорусија од 7. до 9.април.
Македонскиот првак Вардар во регуларниот дел од сезоната беше првата позиција пред Веспрем, Мешков Брест и ППД Загреб.
Полуфиналните пресметки ќе се одиграат на 7.април, а паровите се Вардар-ППД Загреб и Веспрем-Мешков Брест, додека мечот за третото место и финалето ќе се одиграат на 9.април. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21