Охрид, 14. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Месната заедница на селото Куратица денес ќе организира протест пред седиштето на ЕВН во Охрид.
– Многу села од поранешна коселска општина за време на зимските месеци остануваат со денови без напојување со електрична енергија. Целта е да им се препорача да инвестираат во мрежата. Да ставиме крај на несериозноста на ЕВН.
Ќе се достави и писмено барање до ЕВН за санирање на катастрофалната состојба на мрежата, и рокови за нејзино оспособување, информираат одговорните.
Тие ги повикуваат сите кои го поддржуваат овој протест да се приклучат на истиот. Закажан е за денес, точно во 12:00 часот пред седиштето на ЕВН во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 58