Охрид, 19. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – За љубителите на екстремните спортови, во месец мај во Охрид ќе биде организиран балкански курс за инструктори по параглајдинг.
Овој настан е наменет за професионалци, за лица кои имале предходно искуство со параглајдинг, но ќе има простор и за почетници. Овој курс е во организација на SIV/Acro Macedonia, со вклучени меѓународни инструктори.
Работниот јазик на семинарот ќе биде англиски и чешки. Главен инструктор ќе биде Томас Ледник. Семинарот ќе се одржува од 17-ти до 21-ви мај на плажата Љубаништа.
Заинтересираните авантуристи можат да се пријават за настанот и да ги разгледаат поволностите, како и предвидената цена на комплетниот курс. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 34