Шибеник/Струга, 26. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот поет и преведувач Димче Шипинкароски, добитник е на Меѓународната литературна награда „Петар Канавелиќ“, доделена од Хрватското книжевно друштво.
Наградата му е доделена за песната „Корчула измеѓу сонот и јавето“, испратена на Конкурсот на Седмите Меѓународни книжевно-научни средби „Петар Канавелиќ“, одржани во хрватскиот островски град Корчула, под покровителство на Министерството за култура на Хрватска.
Истовремено, организаторите, кои наградената песма, му ја отценија како „волшебен сонет за градот и најславниот корчуланец Канавелич“, приредија и хрватската промоција на неговата поетска збирка „Татковиот аманет“.
На собирот учествуваа поети од Хрватска, Македонија, Албанија, Црна Гора и Мароко. Виртуелно, уште и иранскиот поет д-р Салама Ал-Сархана, кому му беше претставена книгата „Делириум на паметењето“ 1 и 2.
Димче Шипинкароски го води Здружението за литература и култура „Бранувања“, го издава истоимениот магазин, и ги организира „Струшките книжевни средби“. (Крај)
извор: Веле Митаноски фото: архива