мај 12, 2018

Милано, 12. Мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Раководството на Милан размислува за смена на тренерот Џенаро Гатузо, доколку не избори пласман во европските купови, објави „Газета дело спорт“.

На две кола пред крајот Милан е шести на табелата со 60 бодови и има еден повеќе од Аталанта и три од Фиорентина, а доколку сезоната ја заврши на осмото место тогаш Гатузо веројатно ќе добие отказ.

Весникот наведува дека тоа би била интересна ситуација ако се земе предвид фактот дека Гатузо неодамна потпиша двегодишен договор со Милан. Тој за тренер беше назначен во ноември минатата година, откако Винченцо Монтела доби отказ. Поради добрите резултати управата на клубот минатиот месец реши да му понуди подолгорочен договор.

„Газета дело спорт“ наведува дека ако ова се случи, Милан ќе се обиде да го донесе тренерот на Наполи, Маурицио Сари. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука