Охрид, 23. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Минатата година звањето доктор на науки на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, го стекнало едно лице.
На државно ниво, има намалување за 19.9% во споредба со 2015 година на лицата кои докторирале на некоја високо – научна установа кај нас, покажуваат податоците на државната статистика.
Додека на ФТУ лани магистрирале вкупно 20 лица, од кои поголем број биле претставнички на понежниот пол, вкупно 13. Во однос на старосната граница, најголем е бројот на магистрирани лица до 29 години.
Од бројот на магистрирани лица на ФТУ, 15 биле на насоката Туризам и угостителство, додека 5 на насоката организациски науки и управување. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24