Белград/Охрид, 27. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На завршеното Балканско првенство во сала за Сениори/ки, кое се одржа во „Комбак“ арената во Белград, охриѓанката Мартина Мироска во категоријата жени постигна највреден резултат за Атлетската федерација на Македонија.
Мироска во дисциплината скок во далечина, имаше резултат од 5,60 метри, со што освои 912 Иааф бодови.
На ова првенство учествуваа 300 натпреварувачи од 16 земји членки на АБАФ. Атлетската федерација на Македонија учествуваше со 8 атлетичари/ки.
Покрај Мироска, македонските атлетичарки Катерина Тимчевска и Дрита Ислами имаа свои лични постигнувања, додека кај машките најуспешен беше Сашо Голубиќ во дисциплината трчање на 60м. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Атлетика.мк
Прочитано: 42