Скопје, 31. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младата пејачка Тамара Ангеловска со изведбата на евровизискиот хит „Сус“ на Рона Нишлиу и видео во режија на Џубокс Видео ќе го освојува албанскиот музички пазар.
Ангеловска неодамна ја промовираше својата втора песна насловена како „Не можам без тебе“, а сега ја сними и преработката на евровизискиот хит „Сус“ или на македонски „Тишина“ на Рона Нишлиу.
Преработката на песната Тамара ја направи во студиото на Иле Спасев, додека режијата и снимањето на видеото му ги препушти на Џулиани и неговата „Џубокс Видео“ продукција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23