октомври 18, 2017

Охрид, 18. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 20-ти до 23-ти октомври во Вевчани ќе се одржи второто издание на меѓународниот Младински турнир „Ласкер 2017 – Виа Игнација“.

На турнирот ќе земат учество 86 млади шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Република Македонија. Турнирот е во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид со подршка од шаховската Федерација на Македонија.

– Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Владо Попески“ во Вевчани, а право на играње имаат сите млади шахисти родени 1999 и помлади, со рејтинг не поголем од 2.200 поени. Ќе важат правилата на ФИДЕ и турнирот ќе се рејтингува. Ќе се игра по швајцарски систем од 7 кола. Темпото на игра е 90 минути по играч со бонификација од 30 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука