април 29, 2018

Охрид, 29. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Младите охридски ракометари од Ракометниот клуб „Сани 14“ со шест победи и еден натпревар кој заврши нерешено се враќаат од Скопје каде играа во рамките на пoследнoто кoлo од „Метaлург“ лигaта.

– Одигравме 7 нaтпревaри од кои стигнавме до 6 пoбеди и 1 нерешен резултaт. Се нaтпревaрувaвме сo 5 екипи вo мaшкa и женскa кoнкуренцијa, со ракометари од генерaцијaта 2008, 2006-07, 2004-05 година. Сите екипи се плaсирaа нa зaвршниoт ф4 турнир, истакна тренерот Сани Џамтоска.

logo_resize1

За многу од екипите ова беше последна шанса да обезбедат место во фајналфорот на лигата. Одиграни се 28 натпревари на кои настапија екипи од Скопје, Охрид, Кичево и од Прилеп. Се играа натпревари од мини-ракомет и од стандарден ракомет.

Резултати:

08.30  Кемпа – Макстил  Машки 2006/7   5:9 (0:3)

08.30  Репро 21 – Бетон   Машки 2006/7   15:1 (9:1)

09.00  Факом – Металург Јуниор   Машки 2008 и помали   2:7 (1:4)

09.00  Репро 1 – Кадети Металург    Машки 2008 и помали   17:3 (9:2)

09.30  Хандбал Старс – Дуферко   Машки 2008 и помали   8:24 (4:17)

09.30  Весна – Ревита   Женски 2008 и помлади   2:12 (1:9)

10.00  Рено – Хандбал Старс   Машки 2006/7   13:10 (8:5)

10.00  Ре Медика – РШ Макалоски   Машки 2006/7   28:9 (11:7)

10.30  Бетон – Сани 14   Машки 2006/7   1:23 (0:15)

10.30  Колибри – Хандбал Старс   Женски 2006/7   14:7 (12:5)

11.00  Хотел Бетон – Сани 14   Женски 2006/7   5:15 (1:7)

11.00  Маја – Хандбал Старс   Женски 2008 и помали   0:7 (0:4)

11.30  Хандбал Старс – Кемпа   Машки 2006/7   9:11 (6:7)

11.30  Рено – Репро 21   Машки 2006/7   11:13 (5:6)

12.00  РШ Макалоски – Макстил   Машки 2006/7   5:17 (0:10)

12.00  Бетон – Ре Медика   Машки 2006/7   4:18 (0:8)

12.30  Хандбал Старс – Ревита  Женски 2008 и помали   8:6 (4:3)

12.30

13.00  Кемпа – Сани 14   Машки 2006/7   8:17 (5:7)

13.00  РЖ Институт – РШ Макаловски   Машки 2006/7   9:13 (3:8)

13.30  Хандбал Старс – Весна  Женски 2008 и помали   10:0 (10:0)

13.30  Макстил – Хандбал Старс  Машки 2006/7   25:4 (7:3)

14.00  Сани 14 – Рено   Машки 2006/7   20:8 (13:6)

14.00  Ревита – Маја   Женски 2008 и помали   9:8 (6:3)

14.40  Сани 14 – РШ Макалоски   Женски 2004/5   11:8 (4:4)

15.20  РК Металург – Сани 14   Машки 2004/5   5:11 (2:6)

16.00  Стоби – Хандбал Старс   Женски 2004/5   10:0 (10:0)

16.40  Нова Македонија – РШ Макалоски  Женски 2004/5   3:6 (0:3)

17.20  Сани 14 – ПГО   Машки 2004/5   14:14 (9:8)

До крајот на основниот дел на мини-лигата останаа да се доиграат следните натпревари:

РЖ Институт – Репро 21   Машки 2006/7

Ре Медика – РЖ Институт   Машки 2006/7

Весна – Маја   Женски 2008 и помали

ПГО – РК Металург  Машки 2004/5

Стоби – Нова Македонија  Женски 2004/5

Оваа школа работи по теркот на ракометниот клуб „Металург“ и денешниот успех го постигна во различни генерации натпреварувачи кои се натпреваруваат со врсниците од повеќе градови во државата. Заедно со екипите од Скопје, во мини-лигата на „Металург“ за регионот Скопје учествуваат и машки и женски состави од Прилеп, Кичево и од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Сани Џамтоска

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука