Охрид, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Претставници на Капетанијата на пристаништа на Република Македонија со седиште во Охрид деновиве учествуваа на саемот за наутика што се одржува во Белград, Република Србија.
Како што информира првиот капетан на Капетанијата, Горан Устијаноски, во рамките на овој настан биле презентирани можностите за развој на наутичкиот туризам со посебен акцент на карактеристиките и потенцијалите на Охридското Езеро.
Во рамките на саемот била договорена официјална посета на Капетанијата во Охрид од страна на ученици од средното бродарско училиште во Белград кои ќе се запознаваат со бродарството на Охридското Езеро. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 2