мај 19, 2018

Охрид, 19. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Мостот кој води кон малото пристаниште во центарот на градот претрпе сериозни оштетувања по двете поголеми невремиња кои неодамна го погодија регионот на Охрид.

Деновиве е забележително дека на 2-3 места фалат по неколку метри квадратни од поставените плочки. Според слободна проценка, вкупно станува збор за околу 25 м2 плочки кои се комплетно или делумно извадени и претставуваат лоша слика за посетителите во пресрет на главната туристичка сезона.

mostosteten2Според познавачите, бетонската подлога-„кошуљуца“ е добра и е потребен само помал зафат за да се санира овој проблем, да се стават на оштетените делови нови плочки и мостот да се доведе во нормална состојба.

mostosteten3Сепак останува главниот проблем со малото пристаниште кое скоро половина е под вода. Можеби е вистинско време да се постави на крајот на мостот некаква препрека или ограда која би ги спречувала посетителите да одат кон овој дел, кој е во навистина лоша состојба и може да се случат несакани последици и евентуални повреди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука