септември 4, 2022

Охрид, 4. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Моторџиите и оваа година достојно ќе го одбележат 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, а Охрид повторно е меѓу градовите кои ќе ги посетат за време на мото релито.

– Единствен настан кој излезе поотпорен од пандемијата е мото релито во честа на Независноста на Република Македонија. Тој не престана да се одржува од осамостојувањето до денес, а оваа година ќе се одржи по 31. пат. Трасата води низ повеќе наши градови и ќе се вози во 3 етапи, односно во 3 дена. Стартот е во петок, на 2-ри септември 2022 година со почеток во 10:00 часот од Плоштадот „Македонија“ во Скопје, по што првиот ден ќе се вози на релација: Скопје-Куманово-Свети Николе-Кочани-Виница-Берово-Струмица-Дојран. Вториот ден ќе се вози на релација: Дојран-Гевгелија-Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола-Ресен-Охрид, додека третиот ден се тргнува од Охрид кон Кичево, Тетово и Скопје, информираат организаторите.

Финишот ќе биде во Скопје, пред Спортската сала „Борис Трајковски“. (Крај)

извор: ОхридПрес/motori.com.mk фото: motori.com.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука