јануари 5, 2024

Скопје/Охрид, 5. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 7-ми јануари, Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно понеделник, 8-ми јануари 2024 година е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука