МТТФ со 10 теквондисти учествува на Европскиот ИТФ куп „Софија Опен 2024″ во Бугарија
ноември 29, 2024

Охрид, 29. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Теквондисти од Македонска традиционална таеквондо федерација (МТТФ) ќе учествуваат на Европскиот ИТФ куп „Софија Опен 2024″ во Бугарија.

На купот се пријавени 966 натпреварувачи од 77 клубови од 14 земји. МТТФ под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот тренер Саша Поповски, носители на црн појас 5 дан, ќе ја претставуваат 3 официјални лица, 2 национални тренери и 10 натпреварувачи кои бркаат критериуми за наредното Европско првенство од клубовите: „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец, „Мастер” Охрид, „Сонкал” од Мислешево, Струга, „Чонџи” од Косел, Охрид и „Ахилиус” од Скопје.

Од федерацијата се надеваат дека нивните избраници ќе дадат сѐ од себе и ќе постигнат добри резултати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука