Охрид, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Овој викенд во кафе барот Ликвид во Охрид ќе има вечери посветени на современата и староградската музика.
Вечерва пред посетителите ќе се претстави музичкиот проект Infinity, каде настап ќе имаат DJ Peppi и Kristijan од Струга. DJ Peppi ќе пушта house музика, а ќе биде придружуван во живо со звуците на вионината на музичарот Кристијан.
Утревечер во Ликвид ќе настапи триото Езерски вез со изведба на староградска музика.
Двата настани ќе бидат со почеток во 22:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 9