Белчишта, 7. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“, денес во селото Белчишта се одржа мултикултурната ревија на ученици од Охрид и Дебрца.
Настанот беше во рамките на проектот „Промоција на меѓукултурни партнерства, низ езерото“. Беше поддржан и од локалната самоуправа на општина Дебрца, а на истиот присуствуваше и градоначалникот Зоран Ногачески.
– Како локална самоуправа ги поддржавме сите активности во рамките на овој проект, а ќе ги поддржуваме и сите наредни проекти во кои се промовираат културните различности на нашата убава мултикултурна земја, истакна Ногачески. (Крај)
извор: Општина Дебрца фото: Општина Дебрца
Прочитано: 12