Барселона, 7. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарот Хуан Карлос Наваро си обезбеди место во историјата на Евролигата во уште една статистичка категорија.
Шпанецот е најдобар стрелец во Евролигата, а со кошот на дуелот со Фенербахче стана и прв играч во историјата со 4.000 поени во елитното европско натпреварување .
Наваро е на првото место на вечната листа на најдобри тројкаши, а има и најмногу настапи во Евролигата – 319. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20