Барселона, 30. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Рафаел Надал уште еднаш покажа дека е „крал“ на земјената подлога и лесно стигна до 11-та титула во Барселона, откако во финалето со 2:0 славеше над изненадувањето Стефанос Циципас.
Надал за за 1 час и 20 минути игра го реши прашањето на победникот и рутински со 6-2 и 6-1 со што дојде до 401 победа на оваа подлога, а воедно ја продолжи импресивната серија и сега има 46 освоени сетови во низа на земјени терени.
Шпанецот, по освојување на турнирот во Барселона, останува најдобар светски рекет со 8.870 бода и ја започна 172 недела во кариерата како предводник на конкуренцијата. Втор е Роџер Федерер кој останува на 100 бода помалку од неговиот шпански колега. Зад водечкиот двоец се Германецот Александар Зверев, Хрватот Марин Чилиќ и Бугаринот Григор Димитров.
Непроменета е позицијата и на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер, кој во Барселона беше елиминиран од Мартин Клижан во првото коло, и натаму е 12. светски рекет.
АТП листа
Рафаел Надал (Шпанија) 8.770 бода
Роже Федерер (Швајцарија) 8.670
Александар Зверев (Германија) 5.195
Марин Чилиќ (Хрватска) 4.985
Григор Димитров (Бугарија) 4.950
Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 4.470
Доминик Тим (Австрија) 3.545
Кевин Андерсон (Јужна Африка) 3.390
Џон Изнер (САД) 3.125
Давид Гофан (Белгија) 3.020. (Крај)
извор: НоваТв/Спортски фото: архива