февруари 28, 2018

Акапулко, 28. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Првиот носител на АТП турнирот во Акапулко, Рафаел Надал реши да се повлече. Шпанецот требаше да настапи вечерва против Фелисијано Лопез, но на прес-конференција образложи дека почувствувал силни болки во ногата за време на тренингот во Акапулко.

– Сакав и имав желба да играм до крајот на Акапулко, но, сепак почуствував сериозни болки додека тренирав на терените во Акапулко, – изјави Надал.

Шпанецот не настапува веќе на шест турнира, а серијата на откажувања започна кон крајот на минатата година со турнирот во Базел, Париз и Лондон, а оваа година продолжи во Бризбејн, Австралија и заврши во Акапулко. (Крај)

извор: Дерби фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука