мај 13, 2018

Париз, 13. Мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Рафаел Надал ќе го загуби првото место на АТП-листата по поразот од Доминик Тим во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Мадрид.

Шпанецот загуби со 5:7, 3:6, само ден откако го собори 34 години стариот рекорд на Џон Мекинро во бројот на едноподруго освоени сетови на земјена подлога, запирајќи на 50.

Надал немаше пораз на земја една година, кога токму од Тим загуби на Мастерсот во Рим.

Иако одлучи да ја прескокне целата сезона на земјени терени, Роџер Федерер утре ќе се врати на врвот на АТП-листата, но, исто така, би можел кратко да се задржи таму. Надал повторно ќе биде број еден доколку го освои претстојниот Мастерс во Рим. (Крај)

извор: СДК фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука