Амстердам, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Откако холандскиот дизајнер Ерик Кларенбек ја лансираше линија на накит, кои се носат на око, се’ поголем е бројот на млади ширум светот, кои нарачуваат ваков накит преку интернет.
Накитот претставува светли солзи прикачени со тенка жичка кон контактна леќа. Кон “солзата” може да се додадат и други украси, како што се кристали и цвеќиња. Накитот е со должина меѓу 14 и 33 мм, поврзан е кон објективот со специјално медицинско влакно и виси од окото.
Кристалниот додаток сјае на сонце и изгледа како вистинска солза. Тој може да се купи на интернет за 200 фунти. (Крај)
извор: Еricklarenbeek фото: архива
Прочитано: 6