Скопје, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нови, пониски цени на нафтените деривати.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините се продаваат по цени намалени за 3 денари, додека цената на дизелот е пониска за 2 денари.
Па, така литар Еуросупер БС – 95 се точи за 63 денари, додека Еуросупер БС – 98 чини 65 денари за литар. Новата цена на Еуродизел изнесува 49 денари.
Со одлуката на Регулаторна, за 1,145 денари за килограм е намалена и малопродажната цена на мазутот М-1 НС. Новата цена е 25,252 денари за килограм. Според нивната методологија, малопродажните цени на енергенсите се намалени за 6,71 %.
Овие малопродажни цени ќе важат следниве две недели. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27