Охрид, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бројот на туристите во декември минатата година, во однос на декември 2015 година, е зголемен за 4.4%.
Исто така има зголемување и кај бројот на ноќевањата и тоа за 4.7%.
Бројот на домашните туристи во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е намален за 5.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 11.2%.
Како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е намален за 4.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12.5%. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 38