Барселона, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во соопштение на кошаркарската Евролига стои дека бекот на ЦСКА од Москва, Нандо Де Коло, го доби признанието за најдобар играч за месец јануари.
Францускиот кошаркар е најзаслужен за победите кои ЦСКА ги постигна минатиот месец во ова европско натпреварување.
Нандо на гостувањето кај Фенербахче имаше десет поени и пет скокови, а во триумфот над Лаборал Куча францускиот кошаркар имаше учинок од 17 поени и 8 асистенци.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 3