Неапол, 21. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Голманот на Рома ,Војчех Шчешни најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Калчо лигата, но во дресот на Наполи.
Наполитанците нудат 10 милиони евра за неговите услуги, цена која првобитно беше договорена меѓу Арсенал и Рома за Шчесни да остане и по завршувањето на неговата позајмица, но римската волчица верува дека неговите квалитети не вредат толку.
Грешките кои ги прави Пепе Реина се’ почесто го натераа раководството на Наполи да трага по нов чувар на мрежата, а Шчешни е засега најслободен на пазарот, бидејќи не планира да се врати во екипата на Арсенал. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20