Народен театар Охрид го објави репертоарот за овој месец
ноември 4, 2024

Охрид, 4. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Народен театар Охрид го објави репертоарот за месец ноември.

Како што веќе најавивме, утревечер од 20:00 часот ќе биде изведена хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски.

Во сабота, 9-ти ноември ќе биде изведена најновата претстава „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин. Театарската импровизација „Импровокација“ на репертоарот е на 17-ти ноември (недела), а на 29-ти ноември сцената повторно ќе биде резервирана за изведбата на комедијата „Секс, лаги и љубомора“.

Почетокот на изведбите ќе биде во 20:00 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука