Охрид, 10. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress испратија видео и фотографии до редакцијата од градежните работи кои се одвиваат на дел од патниот правец кој ќе води од градот Елбасан во соседна Албанија до Граничниот премин „Ќафасан“ со Република Македонија.
Истиот е дел од Европскиот Коридор VIII и на него се одвиваат градежни работи за пробивање и тампонирање на делницата. Се работи на повеќе делови со мали застои каде што се изведуваат најголемите зафати, посебно кај хотелот „Балкан“.
Работата на овој потег започна пред нешто повеќе од една година. Станува збор за потег од околу 6 километри, а целиот зафат до границата со Република Македонија треба да заврши за помалку од две години.
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 335