Охрид, 2. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од 13-ти до 16-ти октомври 2022 година, за прв пат ќе одржи Охридски конгрес на правото 2022 на тема „Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“, во организација на студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.
Оваа година за прв пат се одржува конгрес од ваков карактер, а на истиот ќе присуствуваат околу 150 учесници од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
Организаторите, најавуваат висококвалитетна програма исполнета со висококвалитетни говорници, универзитетски профеосори, јавни обвинители, судии, адвокати, говорници кои преку предавањата, панел дискусиите и неформални разговори ќе ги пренесат своите искуства од областа на правото, исто така програмата вклучува и дебатен турнир со парична награда за првите три освоени места и спортски активности за учесниците. (Крај)
извор: vecer.mk фото: vecer.mk