Охрид, 31. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, на 8-ми февруари ќе се одржи јавна презентација на проектот „Регионот Охридско езеро – Безбедна дестинација за авантуристички туризам“ и планираните активности во рамки на истиот.
Според најавите на организаторите, на настанот ќе се обрати градоначалникот на Охрид Проф. Д-р Јован Стојаноски, Авдула Цано, заменик Градоначалник на Поградец, Елвис Али, Координатор на програмата за прекугранична соработка при Делегацијата на Европска Унија и др. Презентација на планираните проектни активности ќе одржи Антонио Додевски, Проектен Менаџер.
Проектот е финансиран од Европската Унија, ИПА 2 програмата за прекугранична соработка, а ќе биде имплементиран од:
National Center fot Environment, Tourism and Sustainable Development од Поградец, Република Албанија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива