септември 10, 2022

Охрид, 10. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Неуморниот активист Гордана Лолеска од Здружението „Ретко е да си редок“, денеска ја претстави Националната кампања „Ги Запознаваме Ретките Болести“ на третата регионална конференција „Caring For Rare“, која се одржува во Белград, Република Србија.

На конференцијата се разговара за ретките болести како приоритет на јавното здравје, неонаталниот скрининг во Европа, ретките болести и менталното здравје, истражувањето на ретките болести, како да се направат ретките болести повидливи, политиките поврзани со ретките болести, важноста на застапниците на пациентите и многу повеќе.

– Чест и задоволство е да ја презентирам националната кампања „Ги Запознаваме Ретките Болести“ на третата по ред регионална конференција „Caring For Rare“, во рамки на панелот „Making Rare Diseases Visible“, порача Лолеска, која ја одржа својата презентација online.

Петтото, јубилејно издание на Националната кампања „Ги Запознаваме Ретките Болести“ е во подготовка и следниот февруари ќе имаме повторно можност да се запознаеме со нови 28 ретки дијагнози, се’ со цел да се зголеми видливоста и да се сврти вниманието на јавноста врз проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести и нивните семејства.

Повеќе за камапањата ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Наташа Анѓелеска

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука