Пјонгчанг, 9. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Македонската делегација предводена од знаменосецот Ставре Јада продефилира на церемонијата на отворањето на 23-те Зимски олимписки игри, во Пјонгчанг, Јужна Кореја.
Македонија на овие олимписки игри ќе ја претставуваат нордиецот Јада, Викторија Тодоровска, во нордиско и Антонио Ристевски во алпско скијање.
На парадата учество зедоа над 3.000 спортисти од 92 држави, а свеченоста беше придружена со огномет, светлосни ефекти и корејска поп-музика. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: fb
Прочитано: 29