Охрид, 01. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) — На денешен ден во 1834 година во Охрид е роден Кузман Шапкарев.
Тој е еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата „Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина”, „Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин”, како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата во Македонија.
Почина во Софија на 18-ти март 1909 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27