мај 18, 2018

Охрид, 18. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со звуците на Штраусовата опера „Лилјакот“, охридските денес матуранти ја одиграа традиционалната матурска парада.

Заедно со нашите матуранти, во исто време танцуваа и нивните врсници од Струга, Струмица, Гевгелија, Скопје и Куманово. Оваа година покрај Република Македонија, во проектот учествува матуранти од 62 градови од Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.

IMG_5282

IMG_5268

IMG_5275

maturska parada 2018– Со завршувањето на средното образование, исправени сте пред нови хоризонти и предизвици кои се отворен пат кој секој посебно ќе го осмислува и секој посебно ќе го поминува, рече во своето поздравно обраќање до матурантите градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

jovan-stojanoski-parada-gimnazija– Бидете достоинствени, бидете храбри за да се соочите со предизвиците кои секогаш стојат пред човекот. Бидете цврсти во Вашите одлуки да напредувате во животот, само на оној начин кој нема да ги наруши човечките етички вредности. Младоста е само една етапа во животот. Младиот човек треба да биде мотивиран, жеден за знаење и подготвен да ја достигне својата цел. Младоста, велат, дава крилја со кои побрзо се долетува до целта, а тој пат е интересен и возбудлив. На тој пат, чекор по чекор, младиот човек стекнува искуства кои му го олеснуваат животното патешествие, рече Стојаноски.

IMG_5287За се` да изгледа онака како што доликува и оваа година се погрижи професоркарката Соња Думбаловска Делова која изминатиов период работеше со нашите матуранти. За нејзиниот вложен труд во создавањето на една нова традиција, што е во согласност на стремежите да се биде во чекор со новото време и беше врачена благодарница.

Средношколците и овој пат традиционално ја искажаа заклетвата за ненасилство.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана. Танцот „Квадрил“ матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука