Скопје, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Телевизијата „Сител“ објави видео снимка, на која разговараат премиерот Никола Груевски и Зоран Заев, а според телевизијата, на видеото Заев истакнал дека снимките, за кои тој тврди дека го докажуваат криминалот на владејачката структура, ги добил од странски служби.
Наводно снимката била поставена на Youtube.
Според Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет за човекови права, обвинителството веднаш треба да се изјасни.
На еден од двата записи стои датум 20-ти септември 2014 година.
МВР и Обвинителството покренаа обвинение против Заев за обид за насилно преземање на власта.
По објавувањето на снимките на Јутјуб власта и опозицијата се огласија со реакции. (Крај)
извор: ОхридПрес/Фокус/Телма фото: архива
Прочитано: 3