Струга, 10. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На територијата на Општина Струга во декември 2016 година се издадени 53 одобренија за градење.
Предвидена изградба на 66 станови со вкупна корисна површина од 8 286 м2. Вредноста на објектите изнесува 400 милиони и 807 илјади денари.
Од вкупниот број на објекти, дадени се одобренија на 47 физички лица, додека на деловни субјекти доделени се 6 одобренија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28