Охрид, 22. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – При редовна пасошка контрола, полициските службеници на Граничниот премин – Аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид констатирале дека едно лице користи туѓа патна исправа.
– Станува збор за 55-годишната В.Р. од скопско Арачиново. Биле извршени дополнителни проверки и преглед во нејзиниот личен багаж и била пронајдена лична карта од Косово на име С.Р. После тоа, лицето било приведено и предадено за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 22