Њујорк, 14. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Со синоќешниот меч на “звездите во подем” започна “All Star” викендот во НБА-лигата.
На натпреварот играчите беа поделени во два тима, кошаркари од САД и од „остатокот на светот“.
Мечот изобилуваше со атрактивни потези за публиката, а на крајот славеше „остатокот на светот“ над Американците со 112-121.
МВП-наградата замине во рацете на првиот пик на драфтот, Ендрју Вигинс, кој реализираше 22 поени, 6 скокови и 4 асистенции.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: Б92
Прочитано: 9