Вашингтон, 21. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Изминатата вечер во плеј-офот од НБА лигата беа одиграни три натпревари.
Индијана предводена од од хрватскиот ас Бојан Богдановиќ славеше со 92-90 над Леброн Џејмс и неговиот Кливленд, Богдановиќ со тројки буквално го разби актуелниот вицешампион.
Ова беше натпревар со многу пресврти. После само едно полувреме изгледаше дека Кливленд може да „сервира брејк“ за одмзада во Охајо, Кавси имаа предност дури 17 поени разлика (57:40).Пејсерси во вториот дел тргнаа на се или ништо и тоа им се исплатеше, а Богдановиќ заслужено го понесе епитетот најзаслужен за новата победа во плеј-офот.
Не само што беше најефикасен играч со 30 поени за 35 минути поминати на паркетот, туку имаше страшно добри шутерски бројки 11/15 од игра, односно 7/9 за три поени! На сето тоа запиша и четири украдени топки, а 19 поени од своите 30 уфрли во второто полувреме. Со тоа секако постави рекорд на карирерата во доигрувањето во најсилната кошаркарска лига.
Леброн на крајот натпреварот го заврши со 28 поени, 12 скокови и осум асистенции, а Богдановиќ на крајот беше човекот кој беше најзаслужен за исходот на натпреварот и победата на Индијана од 92:90 и поведе во серијата со 2:1.
Важни победи на свој терен запишаа Вашингтон и Милвоки и така ја преполовија предноста на своите противници.
Визардси славеа против Рапторс со резултат 122:103 (2:1) во натпревар кој беше завршен со дури пет технички грешки.
Имаше тука се, трукање, вжештени глави, тешки зборови…Првиот судир се случи на самиот старт кога Џи Ануноби го фаулираше Маркиф Морис и практично го собори на паркетот.
Морис повторно се најде на тапет неколку моменти подоцна, но овој пат со Серж Ибака, додека Дерожан и Лаури мораа да се вмешаат и да го запрат бесниот Џон Вол.Но, како тоа да не беше доволно, немирити помеѓу Ибака и Вол продолжија, започнаа да си разменуваат тешки зборови. Тоа предизвика реакција кај Шпанецот и желба да се пресмета со протовникот. Ибака на крајот во својата намера беше спречен од обезбедувањето.
https://youtu.be/pblxHfpe_7Y
Во последниот натпревар Милвоки го совлада Бостон со 116:92, па и тука сега во серијата е 2:1 за Бостон. (Крај)
извор: Спортски фото: архива