февруари 6, 2018

Сакраменто, 6. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Сакраменто Кингс одигра одлична последна четвртина за нова победа, овојпат на домашен терен над Чикаго Булс (104-98). Богдан Богдановиќ со 15 поени беше најефикасен во вечерта во која дури шест домашни кошаркари запишаа двоцифрен број на поени.

Екипата на Детроит Пистон не знае за пораз откако се засили со Блејк Грифин. Стен Ван Ганди го предводеше својот тим во нов триумф пред домашните гледачи против Портланд Трејл Блејзерс (111-91). Крилниот центар беше најефикасен со 17 поени и 9 скока, а доби помош од Андре Драмонд, кој го заврши мечот со „дабл-дабл“ учинок (17 поени и 17 скока).

Рики Рубио ја предводеше Јута Џез во убедливиот триумф на гости кај Њу Орлеанс Пеликанс (109-133). Шпанскиот плејмејкер игра одлична сезона и го заврши натпреварот со 20 поени и 11 асистенции. Никола Миротиќ имаше тивко деби во дресот на Пеликанс и постигна само 5 поени.

Во останатите натпревари, Орландо Меџик го доби дербито на Флорида против Мајами Хит (109-111), Денвер Нагетс не дозволи изненадување и триумфираше над Шарлот Хорнетс (121-104), Вашингтон Визардс го победи конференцискиот ривал Индијана Пејсерс (102-111), а ЛА Клиперс конечно се израдува на победа и ја совлада екипата на Далас Маверикс (104-101). (Крај)

извор: Гол.мк фото: Б92

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука