Далас, 4. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Бостон Селтикс победи во најинтересниот натпревар одигран вчеравечер против Кливленд и успеа да ги порази ,,коњаниците”со резулат од 102:88.
Кајри Ирвинг не блескаше против својот поранешен тим, меѓутоа успеа да го разигра целиот тим преку Роузер кој убаци 20 поени, а Смарт и Тејтам заедно дадоа 30 поени. Ирвинг иако даде 11 поени сепак на крај ја доби одмаздата против неговиот поранешен клуб. Кај поразениот Кливленд, Леброн Џејмс даде за него скромни 19 поени додека најголемо разочарување беше Кевин Лав кој даде 2 поени, а поранешниот кошаркар на Бостон Селтикс, Ајзеа Томас не доби шанса да игра против Селтикси.
https://youtu.be/TRV0zLGRGnw
Голден Стејт Вориорс си отиде со победа од гостувањето кај Далас благодарение на тројката на Стеф Кари. Вориорси натпреварот го завршија со резултат од 122:125.
Најдобар поединец во редовите на Голден Стејт беше Стеф Кари со 32 поени, Кевин Дурант и Клеј Томпсон заедно постигнаа 50 поени, а Грин убаци 18 поени. Кај поразениот Далас, се истакна Матјуз со 22 поени и Барнс со 18 поени, додека Новицки даде 12 поени.
https://youtu.be/qSRCCsZB2qM
извор: Дерби.мк фото: архива